ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пробиени двата тунела на автопатот Кичево – Охрид

Пробиени двата тунела на автопатот Кичево - Охрид

По осум години од почетокот на изградбата на автопатот Охрид- Кичево, конечно се целосно пробиени и почнаа да се асфалтираат двата тунели со вкупна должина од 4 километри. Властите ветуваат ветување дека целиот автопат кој почна да се гради во 2014 година ќе биде готов до крајот на 2023 година. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, негира дека изведувачот на автопатот, кинеската компанија Синохидро, побарала да се продолжи рокот за изградба до 2026 година.

Advertisements

„Не не е така.Јас сум во постојана комуникација со компанијата Синохидро.Договорот за изградба е до 31 декември 2023 година. Ние имавме состанок и со Синохидро и со изведувачите и ја разгледувавме динамиката на изградба на автопатот.И гледаме патот да биде готов до 31.12 .2023 година“изјави Ејуп Рустеми-директор на ЈП за државни патишта

Премиерот Ковачевски рече дека очекува до средина на следната година да се ослободи левата лента за сообраќај и му наложи на министерот за транспорт да ја надгледува работата.

„Свесен сум дека работниците кои што градат овој автопат се соочија со многу предизвици во текот на изминатите години поради огромните пропусти во самиот проект.Беа потребни години за да се пробијат тунелите под превојот Пресека.Очекувам до средината на идната година да се ослободи левата лента за сообраќај со околу 90%, за да може граѓаните да ја користат.А министерот за транспорт има задача секојдневно да се грижи, да биде фокусиран за да се исполни рокот до крајот на идната година да се заршат целосно работите“ кажа премиерот Димитар Ковачевски.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button