МАКЕДОНИЈА

Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

Оштетено е стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.

Advertisements

СВР Охрид денеска соопшти дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути.

– Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски.

Оштетувањето, според првичните информации било направено со тврд предмет, камен.

Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button