ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски потсети дека довербата во судството е само 8%

Ковачевски потсети дека довербата во судството е само 8%

Според претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, острата критика на американската амбасадорка Анџела Агелер за начинот на кој Ислам Абази беше избран за шеф на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, треба да се упатат кон политиката, а не кон судството. Тој не сакаше да ги коментира изјавите на амбасадорката, бидејќи како што рече, при подготовката на законот, неговите и предлозите на Советот не биле земени предвид во Министерството за правда.

Advertisements

И покрај загриженоста на американската амбасада, премиерот Ковачевски не чувствува одговорност, па дури и го критикува правосудниот систем во земјава.

Новата американска амбасадорка во Скопје во изјава за 360 степени отворено рече дека е збунета од начинот на кој Ислам Абази беше избран за шеф на Обвинителството кое треба да ја води борбата против криминалот и корупцијата. „Американската амбасада смета дека резултатите се збунувачки, особено затоа што во изминатите неколку години потрошивме милиони долари за обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на С Македонија заслужуваат независен правосуден систем во кој позициите се пополнуваат според заслуги и квалитет, преку транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителството, судството или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие процеси. Оние кои ќе интервенираат преку притисоци, закани или коруптивни договори ќе бидат повикани и ќе одговараат пред граѓаните“, нагласи Агелер.

Но, Абази ги отфрли сите обвинувања, додавајќи дека немало политички влијанија при неговиот избор./Alsat.mk

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button