ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Граѓаните сакаат во ЕУ, еден од условите за тоа е и промена на Преамбулата

Во одговор на новинарско прашање во врска со потребното мнозинство за промена на Преамбулата на Уставот, премиерот Димитар Ковачевски рече дека сите пратеници треба да имаат предвид оти граѓаните коишто ги избрале сакаат да ја видат државава во ЕУ, а еден од условите за тоа е и промена на Преамбулата.
„Пратениците во Собранието треба да имаат предвид дека тие ги застапуваат граѓаните, а тие очекуваат да живеат во држава полноправна членка на Европската Унија, а една од одлуките којашто треба да ја донесеме до тоа полноправно членство е и промена на Преамбулата во Уставот“, рече Ковачевски.