ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајца браќа родени во Македонија не можат добјат државјанство

Додека контроверзните олигарси и меѓународно бараните криминалци добиваат државјанство во нашата земја без никаков проблем, тука сè уште има граѓани кои се родиле, пораснале, работат и дејствуваат, но нашата држава продолжува да ги смета за опасни. Таков случај има во Куманово.

Advertisements

„Ако сум опасен за државата, тогаш зошто сум слободен?“

Рамадан и Имер Азизи се двајца браќа од Куманово кои немаат државјанство. Со семејството живеат во Куманово од 1953 година.

„Тука сме родени, пораснавме, тука се школувавме целото семејство, двајца браќа и три сестри. Ние не сме државјани, но сме граѓани. Ние не сме дојденци, тука сме родени“, вели Рамадан Азизи, жител на Куманово.

Тој тврди дека има причина, зошто властите не му даваат државјанство.

„Всушност, јас можам да бидам виновен само што сум Албанец, нема друг факт. Јас сум виновен за ова. Ова е убедлив аргумент. Каде и да одите во која било земја во светот имате право на документ за идентификација. Роден, израснат, даночен обврзник, државјанин на оваа држава и да немам државјанство, ова е апсурдно“, додава Рамадан.

Последен пат барање поднел во 2021 година, неколку дена по стапувањето во сила на Законот за државјанство. Оттогаш, тој не добил никаков одговор, иако Агенцијата за национална безбедност е законски обврзана.

„Чекавме во 2021 година кога се донесе последниот закон според член 7, јас и брат ми поднесовме барање за државјанство. Се пријавив, но година и пол се уште немам одговор“, вели Рамадан.

Рамадан Азизи е оженет и државјанството не му е дадено ниту по создавање на семејството, ниту по остантите основи: роден е во земјата и го исполнува законскиот услов запрестој. . Неговите деца имаат државјанство благодарение на неговата сопруга. Во меѓувреме, неговиот брат е инвалид од две војни. Во отсуство на здравствено осигурување и вработување, егзистенцијата ја обезбедуваат со приватна работа.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button