Денот на албанската азбука не се одбележа во Чашка

Околу 70 ученици Албанци од општина Чашка, Велес, не го празнуваа денешниот ден на албанската азбука. Многумина од нив и денеска следеа вообичаен наставен процес во ОУ „Тодор Јанев“, каде со години им се ускратува правото да учат на мајчин јазик, па се принудени да ја следат наставата на македонски јазик. Кога екипата на Алсат го посети ова училиште, учениците зборуваа дали и колку знаат за Денот на азбуката.
„Прашање: Дали знаеш каков празник е денес?
Одговор: -Не.
Прашање: Дали знаеш што празник е „22 Ноември“?
Одговор: -Не.
Прашање: Денот на албанската азбука е. Дали ја знаеш албанската азбука?
Одговор: -Не.
Прашање: Дали знаеш некоја песна на албански?
Одговор: -Не.
Прашавме и друг ученик
Прашање: Дали ја знаеш азбуката на албански јазик?
Одговор: Да!
Прашање: Кажи ми.
Одговор: А, Б,Ч, Р.
Прашање: Дали знаеш песна на албански, ќе рецитираш некоја?
Одговор: А, Б, Ц, Р.”
Прашање: Што најмногу читаш, освен книги?
Одговор: Читам лектири.
Прашање: На кој јазик ги читаш?
Одговор: На македонски.
Прашање: Зошто не мислиш да продолжиш на албански јазик во средно?
Одговор: Учев тука многу години, и тешко ми е сега да учам албански, сакам да одам на македонски“.
Од Чашка се упативме кон селото Еловец, за да ги сретнеме учениците кои денеска не беа на училиште. Нивните приказни се различни, некои претпочитаат да го продолжат средното образование на македонски, а други на албански.
Сретнавме една ученичка:
„Македонски јазик учам од прво одделение, немам никакви проблеми, добро ми оди. Потешко ни е по предметот историја, има тешки зборови.
Прашање: Каде ќе одиш во средно училиште?
Одговор: Во Велес, на македонски, така се навикнав, ќе се запишам фармација.
Прашање: Дали си читал некоја книга на албански јазик, која е последна?
Одговор: Да, читам. Последната е „Не љути се“, и научив многу добри зборови“.
„За во иднина мислам да се запишам во Скопје. Да учам Албански ми е подобро, вели една ученичка.
Запрашавме и друг ученик:
Денеска е 22 ноември, денот на азбуката.
Прашање: Дали сакате да научите некоја песна за денот на азбука, денот на знамето?
Одговор: Сакам да учам, но нема кој да ме научи.
Прашање: Дали читаш нешто албански?
Одговор: Понекогаш, било што од интернет“.
Хајрула Амети, жител на ова село, го изразува својот револт поради дискриминацијата што се прави врз децата Албанци во овој дел.
„Подобро да не бидеме живи. Во 21 век внуци и правнуци да учат на друг јазик е срамота, многу ми е жал. Понекогаш и дома кога доаѓаат зборуваат македонски, но ние упорно ги учиме албански“, вели Хајрула.
Немањето албански паралелки во Чашка, е долгогодишен проблем за кој се предлагаа многу решенија, но ниту едно не резултираше со конкретен епилог.
Мелихате Рустеми