ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Собранието почна расправата за буџетот

Општите приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282 милијарди денари или за 14,8 отсто повисоки од 2022 година. Планираните расходи се 324,8 милијарди денари или за 12,6 отсто повеќе од годинава.

Advertisements

Буџет за 2023 година:

282,1 милијарди денари – Приходи
324,8 милијарди денари – Расходи
42,7 милијарди денари – Дефицит

„Она што го очекуваме од предлог-буџетот за 2023 година е да се олесни управувањето со последиците од енергетската криза, цените, да се обезбеди континуирано финансирање на евроатлантските интегративни процеси, обврските кои произлегуваат за зголемувањето на стандардите на НАТО и да помогнеме да се воспостави вистинска основа за економско закрепнување, да се одржи економскиот раст во наредната година, но и на среден рок за да се овозможи забрзан и одржлив економски раст“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Опозицијата не е задоволна од финансиските политики на власта. Според нив, земјава е во најголема историска криза.

Владата очекува стабилизација на поскапувањата на прехранбените производи во втората половина од наредната година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button