ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Чулев: Димовски и Спасовски се одговорни за државјанство на про русинот
Чулев: Димовски и Спасовски се одговорни за државјанство на про русинот

За случајот Онишченко одговорни се директорот на АНБ и министерот за внатрешни работи, затоа сметам дека директорот треба да биде разрешен, а министерот Спасовски да преземе морална одговорност, изјави вечерва во „Патот кон“ Наќе Чулев, поранешен прв човек на Агенцијата за разузнавање.
„Одговорноста е на директорот на АНБ, тој треба да биде разрешен од Владата, Основното јавно обвинителство да поведе кривична постапка. Сите лица кои беа вклучени во овој процес треба да подлежат на дисциплински мерки, а министерот за внатрешни работи мора да преземе морална и политичка одговорност бидејќи го потпишал државјанството“, изјави Наќе Чулев, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање./ Alsat.mk