ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Штејнмаер: Ја поддржуваме интеграцијата на РСМ во ЕУ, но реформите мора да продолжат

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Скопје изјави дека Германија силно ја поддржува интеграцијата на С Македонија во Европската унија, но потсеќа и за спроведувањето на внатрешните реформи.
„Важно е С Македонија да продолжи со внатрешните реформи. Разговаравме и бевме убедени дека овој реформски процес ќе продолжи и дека и вашата земја може да смета на поддршката од Германија. РСМ е дел од Европа и нејзиното членство уште повеќе ќе ја збогати ЕУ. Разговаравме и за војната во Украина, во центарот на Европа и тука едногласно заклучивме дека во овој момент мораме да стоиме еден до друг“, рече Штејнмаер.