ВМРО бара избори, СДСМ со обвинувања кон Мицкоски и Апасиев

Граѓаните едвај го преживуваат месецот, загрижени како ќе ја поминат зимата, додека криминалот и корупцијата се на највисоко ниво, оценува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека единствено решение се предвремени парламентарни избори.
Од СДСМ сметаат дека македонската опозиција, поточно Мицкоски во соработка со Апасиев, сакаат да ги блокираат евроинтеграциите.
„Мицкоски еден ден вели дека ја поддржува интеграцијата во ЕУ, другиот ден во Собранието ги блокира сите закони поврзани со ЕУ. Мицкоски е човек без визија кој заедно со Апасиев сака да ја врати државата во темното минато на стравот, изолацијата и внатрешните поделби, но СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат“, велат од СДСМ.
Власта не прифаќа предвремени избори и смета дека фокусот треба да биде ставен на преговарачкиот процес со ЕУ.
Фатлуме Дервиши