Имери: Најмладата жртва на сексуално насилство, 13 годишна!
Имери: Најмладата жртва на сексуално насилство, 13 годишна!

Жртвите на семејно насилство беше вечерашната тема во Програмата 200, со новинарката Семра Мусаи. За државната апатија, патријархализацијата, неказнивоста и немањето помош во нашиот правен систем, разговараше со гостите во вечерашната емисија г-ѓа Небахат Зибери – Имери, магистер по клиничка психологија и психотерапевт во Центарот за поддршка на жени, жртви на семејно насилство во Тетово, Моника Чекаловиќ, социјален работник, специјалист по семејно советување и во последниот дел гостин беше заменик министерот за правда. Агим Нухиу.
Нашите институции немат точни статистики за сексуално насилство, а дел од овие жртви се малолетни, изјави Небахат Зибери – Имери, вечерва во Програма 200, на Алсат М.
“Имаме случаи и на сексуално насилство кои се уште потешко да се третираат. Ако пребарувате во последните анализи во нашите институции, точни статистики за сексуално насилство, нема. Ние во нашиот центар имаме случаи, па дури и случаи на малолетнички. Тоа е уште пострашно и жално. Моето секојдневие и психолошката поддршка што има ја давам, тоа веќе не е професија, за мене тоа е мисија. Најмлада жртва ни е 13 годишна”, рече Небахат Зибери-Имери, магистер по клиничка психологија и психотерапевт во Центарот за поддршка на жените, жртви на семејното насилство во Тетово.