СВЕТ
Фон Дер Лајен предлага план за конфискација на замрзнати руски имоти

Европската комисија денеска предложи план за конфискација на руските средства што се замрзнати по неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина и формирање суд за руските воени злосторства. „Блокиравме 300 милијарди евра од резервите на руската централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра на руските олигарси“, наведува во соопштението претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ и нејзините партнери би можеле да управуваат со средствата и да ги инвестираат на краток рок, при што приходите ќе одат во Украина со цел да се надоместат штетите предизвикани од руската инвазија.