Што е „корозивен капитал“ и дали во Македонија има такви пари? Еве што вели Виктор Мизо

Претседателот на Асоцијацијата на странските компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, го објаснува значењето на терминот „корозивен капитал“ и кажува дали такви пари досега влегле во нашата земја.
„При влез на капитал, капиталот најчесто сака да се оплоди инвестицијата, да се креира некаков профит. Корозивен капитал би бил оној вид на капитал каде што основната цел не е профитот, туку да се изврши одредено влијание кон онаа земја каде што влегува тој капитал. Тоа влијание може да значи директно рушење, или некаков вид на влијание кон јавниот поредок и мир, но истовремено може да има и безбедносни реперкусии по земјата кадешто влегува тој капитал и потенцијално може да има и коруптивни дејствија… Ние досега можеби не сме биле земја која била толку таргет земја за ваков влез на капитал“, објаснува Мизо.