ЕКОНОМИЈА

Комората на геодети бара да се покачат цените за нивните услуги

Комората на геодети и даде рок на владата од две недели да остварат средба за да се ревидира новиот ценовник на Агенцијата за Катастар. Граѓаните добија нови повисоки цени за катастарските услуги а геодетите се жалат дека наплаќаат по стари цени од 2014. Доколку не добијат позитивен одговор, најавуваат радикални протести и штрајкови на повеќе клучни индустрии во Македонија. Ова се само дел од поентите на новиот Економски магазин на Алсат кој се емитува во 22 часот.

Advertisements

„Замислете да се случи штрајк на приватните геодетски фирми, во многу сектори ќе има застој. Во банкарскиот сектор, нотарите, адвокатите, самиот катастар ќе има застој“, вели Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button