ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во маркетите нема пониски цени, граѓаните „се острат“ за протести

Очекуваа намалување на цените на прехранбените производи, но граѓаните на првиот ден од декември се разочарани, бидејќи цените и понатаму остануваат исти како минатиот месец. Цените не се намалени и покрај најавите на Владата за намалување до 10 проценти на основните артикли.

Advertisements

Едни велат дека воопшто и не ги сфатиле сериозно најавите на власта за пониски цени и не ни провериле дали дошло до тоа. Други пак, велат дека освен што не виделе пониски цени, забележале дури и поскапување, па сметаат дека е дојдено време за протести.

„Цените се катастрофа, кога бевме во маркет, шампонот од 119, сега станал 160, мора да излезе инспекцијата. Сè што купував минатиот месец, сега поскапе за 20-30 денари… Народот мора да излезе на протести“…

„Мора да протестираме, да излеземе, да се жалиме, без поплаки не напредуваме… Доста е тешко, не знам, со овие плати проблем е“, реагираат граѓаните.

Дали има или нема неправилности побаравме став од Пазарниот инспекторат, но оттаму нема одговор. Откако им обезбеди поевтина струја на сите компании кои произведуваат основна храна, Владата најави дека ќе дојде до намалување на цените на храната веќе на стартот на декември. Според последните податоци, потрошувачката кошничка за четиричлено семејство достигна 51.500 денари месечно.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button