ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евентуалното вклучување на АА во владата / Адеми: Три работи со кои не се согласувам

Евентуалното вклучување на АА во владата / Адеми: Три работи со кои не се согласувам

Вечерва во „Патот кон“,  Висар Адеми наведе неколку причини поради кои, според него не се согласува со евентуалното вклучување на АА во владата. Тој спомена три работи кои се загрижувачки, како што е тоа што сите партии создадени по 2002 година завршуваат во ДУИ, како лидерот на АА изјави дека подобро ќе склучува пакт со ѓаволот отколку со ДУИ и третата дека како Албанецот е претставен како човек кој сака и зависи од власта.

Advertisements

“Сите политички партии што биле формирани по 2002 завршиле кај ДУИ или во некоја форма биле дел од коалиција каде и ДУИ била внатре. Според мене оваа одлука на Алијанса не е поинаква од тоа како што рекле и другите политички партии кои понатаму кокетираат со ДУИ за да бидат дел од власта затоа што се знае дека ДУИ е фактор. Второ имаме претставници и лидери на политички партии а меѓу нив е и лидерот на АА кој рекол подобро ќе правиме коалиција со ѓаволот отколку со ДУИ. Кога зборувате вакви големи зборови кои не можат да се променат е проблематично за еден политичар или за некоја личност која има за цел утре да биде носител на демократски и развојни процеси за Албанците. Според мене ова е доста проблематично затоа што сега треба да му објасниш на таа основа за тоа каква ќе биде сега коалицијата со ДУИ и дали не е подобра коалицијата со ѓаволот?! Овие за мене се загрижувачки, и трето што мене лично ми пречи е фактот што Албанецот се портретизира како човек што ја сака власта, кој кокетира со власта, кој сите добра ги има од власта. Ова не е вака. Ние ја имаме ДУИ која во последните 10 години преовладува и владее со 35% од гласачите Албанци. 65% не излегуваат да гласаат или се опозициски настроени”, рече Висар Адеми./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button