Трговците не ги намалија цените на основните прехранбени производи
Трговците не ги намалија цените на основните прехранбени производи

И денеска не се реализираа најавите за намалување на цените на основните прехранбени производи. По обиколката на неколку продавници, забележавме дека нема корекција на цената на лебот, млекото, маслото ниту на брашното. Го прашавме премиерот Димитар Ковачевски каде тој лично го купил лебот поефтино, затоа што во продавниците каде што бевме, цената на лебот не беше намалена.
Ковачевски рече дека во секторот за економија се трудат по ограничувањето на цената на струјата на 350 евра мегават час за домашните производители, трговците да ги намалат најмалку за 10 отсто цените на основните производи. Но, по барање на стопанските комори – намалувањето е оставено да биде доброволно . Граѓаните велат дека намалаување на цените споредени со претходниот месец нема.
Од 1 декември до 30 април следната година над 200 компании ќе користат субвенционирана струја од државата, по цена од 80 евра за мегават час. Главното барање на Владата беше овие компании да ја намалат цената на нивните производи за најмалку 10 проценти. Сепак, овој процент не е ни блиску до постигнување во моментов, затоа што најголемиот дел од храната се продава по истата висока цена./Alsat.mk
Аднан Ќаили