
Долниот дом на парламентот на Русија, Државната дума, го одобри првото читање на нацрт-законот што ќе им даде доживотен имунитет на поранешни претседатели. Законодавството е дел од пакетот уставни амандмани одобрени на референдум ова лето, што потенцијално може да значи дека претседателот Владимир Путин би останал на власт до 2036 година. Нацртот предвидува секој поранешен шеф на државата и нивните семејства да добијат доживотен имунитет од кривични или административни пријави. Тие исто така не можат да бидат приведени, апсени, претресувани или испрашувани. Единствен исклучок е предавство, што прво мора да мине во Државната дума, Врховниот и Уставниот суд.