Секој нов градоначалник „ги вози“ скопјани со ветувања за јавниот превоз
Секој нов градоначалник „ги вози“ скопјани со ветувања за јавниот превоз

Бесплатен јавен превоз, „Бас Рапид Транзит“ или брз превоз, метро, трамвај, тунели и модерен јавен превоз, брзи и еколошки автобуси. Сето тоа се предизборни ветувања кои со децении ги даваат кандидатите за градоначалник на Град Скопје. Но, до денес нема конкретна инвестиција и реализиран проект, освен купени автобуси на фосилно гориво. Дури, во моментов, јавниот превоз во главниот град е во колапс.
Сообраќајни експерти велат дека партиите и кандидатите за градоначалници ветуваат без да се анализира скопската инфраструктура.
„Мислам дека предизборните ветувања се даваат многу брзо, без никаква реална анализа… За секоја евентуална промена што може да се преземеме, треба да направиме адекватни анализи на постојната ситуација и потоа да дадеме предлози… Затоа што можеме да кажеме дека можеме да направиме и подземно метро, но условите не ни дозволуваат такво нешто…“, рече Аделон Ајдини, професор.
Професорот вели дека за нашиот главен град лесно може да се земат примери од Европа, каде има околу 40 градови со исти параметри како Скопје, во кои сообраќаат и до четири различни видови јавен превоз.
„Јавниот превоз мора да биде физички одвоен со ленти од превозот со лични возила. За граѓаните да го користат јавниот превоз во поголема мера, тој треба да биде побрз, прецизен, редовен, фреквенцијата да биде поголема, а трошокот понизок отколку превозот со лични возила“, додаде тој.
Ајдини нагласува дека последните податоци покажуваат оти Скопје има над 600.000 жители и 170.000 лични возила. Ова, според него е и показател дека јавниот превоз не нуди квалитетни услуги./Alsat.mk
Мефаил Исмаили