„За истражување на корупцијата треба да се почне од Владата“
„За истражување на корупцијата треба да се почне од Владата“

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценува дека ако има волја, власта може да го истражува криминално стекнатиот имот и без посебен закон за потеклото на имотот.
Според првиот човек на опозицијата, со оваа власт криминалот и корупцијата не можат да се намалат, туку само да се продлабочат. Мицкоски го коментираше и тимот стигнат од САД за истражување на корупцијата на високо ниво од поранешни и сегашни функционери.
Проблемот со растечката корупција се најде во фокусот откако американската амбасадорка Ангела Алегер, ја критикуваше земјава и објави дека тим експерти од нејзината земја допатувале во Скопје за поагресивно следење на корумпираните од минатото и сегашноста. Таа додаде дека на правосудниот сектор во земјава му требаат повеќе истраги и кривични гонења, за да се докаже дека никој не е над законот./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши