ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга со само двајца туристички водичи

Струга со само двајца туристички водичи

Нема кој да им раскажува на странските туристи за природните и културни убавини на Струга. Вториот најголем туристички центар во државата, скоро и да нема туристички водичи, односно нивниот број е само двајца, за разлика од соседен Охрид, каде има хипер продукција од ваков кадар. На ниво на држава тој број е повеќе 1000, но 99% се од Скопје и Охрид.

Advertisements

„Иако зголемената побарувачка на водичи во регионот навистина значи дека тие водичи ќе имаат и поголем приход, особено на дефицитарни јазици. Но, во Струга најверојатно не гледаат интерес дека такво нешто може да им донесе финансиски бенефит“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

На оние кои работат во оваа бранша, тоа често им е втора работа. Првично се занимаваат како келнери, на рецепција во хотелите или со сосема нешто трето. Поради тоа, добар дел од туристичките водичи на ниво на држава се неквалитетни, велат од Здружението на водичи на Охрид.

„Во едно догледно време да се намали бројот на пасивни туристички водичи, кои го имаат правото да водат туристи во нашата држава. Тоа може да се направи само доколку дојде до некои измени на законските одредби, доколку се воведе лиценцирање на туристички водичи, доколку секоја година или барем на две години се бара од истите да се активни и да поминуваат некои курсеви дополнителни, семинари, работилници“, изјави Климент Наумов-претседател на здружение на туристички водичи на Охрид.

Во меѓувреме, ако нешто не се смени, Струга и понатаму ќе ја покриваат туристички водичи од Охрид. Со истиот проблем се соочува и нашето трето природно езеро, Дојранското, каде иако преку летото има голем број посетители, нема лиценцирани туристички водичи. Слично е во десетина други градови низ државава./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button