ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата сепак не се откажува од прогресивниот данок

Владата сепак не се откажува од прогресивниот данок

И покрај напуштањето на идејата за прогресивен данок, тоа не значи дека Владата се откажува од овој модел во целина. Консултациите ќе продолжат и во иднина, изјави премиерот Димитар Ковачевски за МИА.

Advertisements

Тој во интервјуто наведе дека одлуката за напуштање на прогресивниот данок, кој требаше да стапи во сила од 1 јануари, била донесена врз основа на бројни анализи и консултации со сите заинтересирани страни, кои покажале дека прогресивниот данок не ги дава очекуваните резултати како модел.

„Со самиот факт што правичноста е еден од основните принципи на новиот даночен систем, во следниот период ќе ги разгледаме опциите за нов модел кој ќе има за цел да ги вклучи сите приходи во едно семејство, а не само платата на еден член“, изјави Ковачевски.

За очекуваното намалување на цените на основните прехранбени производи откако компаниите од прехранбената индустрија добија субвенционирана струја, Ковачевски вели дека во следниот период очекува дополнително поевтинување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button