
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика Белград и Приштина на деескалација на тензиите, истакнувајќи дека барикадите на Косово и нападот врз членовите на ЕУЛЕКС се неприфатливи и дека двете страни мора да се вратат на дијалогот.
„Знам дека двете страни се подготвени да ја деескалираат ситуацијата и ги поканувам да го сторат тоа. Бев во контакт со премиерот Албин Курти, а специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак беше во контакт со претседателот Србија Александар Вучиќ. Ваквото нарушување на јавниот ред и насилство се неприфатливи. Тие мора да се вратат на дијалогот“, рече Борел.