ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Муриќ: Данела Арсовска со право го носи епитетот „маќеа на градот“

Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ, денеска уште еднаш во име на сите приватни превозници изјави дека се подготвени да го деблокираат бул. Илинденска во случај да добијат гаранција од премиерот Ковачевски за решавање на проблемот. Според него, со градоначалничката на Град Скопје, која ја нарече „маќеа на градот“, немало надеж за решавање на проблемот.
„Бидејќи не можеме да го решиме нашиот проблем со Град Скопје, со градоначалничката Данела Арсовска, бараме повисок орган, кој во конкретниот случај е Владата. Затоа бараме средба со премиерот и ова барање не претставува никаква закана од наша страна. Ако некој ни даде гаранција премиерот, веднаш ќе ги отстраниме блокадите“, изјави Муриќ.