ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници ја тргнаa и блокадата на „Илинденска“

Приватните превозници ставија крај на блокадата на улицата „Илинденска“, за да се отвори можност за дијалог со премиерот Ковачевски и претставници на Град Скопје. Ваквиот потег доаѓа по најавата на премиерот кој рече дека автобусите треба да се повлечат од улиците за да се создадат услови за преговори.

Advertisements

Премиерот претходно денеска изјави дека нема да ги прими приватните превозници на средба доколку не ги тргнат автобусите од улица. Тој додаде дека изјавата на возачите дека може да ги радикализираат протестите доколку не се најде решение, ја чувствува како закана. Ковачевски додаде дека на средбата треба да има и претставници на Град Скопје затоа што Владата нема ингеренции да го отплаќа долгот.

Но, приватните превозници велат дека во ниту еден момент не дале заканувачки изјави кон премиерот. Од Град Скопје пак, повторно не дадоа никакви информации што работат за да се најде решение, ниту пак информација колку кандидати досега се пријавиле на конкурсот за двете приватни автобуски линии.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button