Ивановска: Ислам Абази требаше да сноси морална одговорност!
Ивановска: Ислам Абази требаше да сноси морална одговорност!

Првиот човек на Антикорупциската комисија вечерва во Програмата 200 во Алсат М, рече дека со изборот на Абази за шеф на Обвинителството се откриjа и законските слабости за избор на јавни обвинители, бидејќи овој закон не бара или работна програма или претходно искуство.
„Сите бевме зачудени од изборот на тој јавен обвинител, уште повеќе што оттогаш сите ги разбравме актуелните правни слабости во самиот закон бидејќи за изборот на таа функција на тој јавен обвинител не се бара ниту програма за работа, ниту квалитетите на претходни искуства и одработени случаи од тој обвинител. Едноставно, пред малку кажа обвинителот дека транспарентноста е она што треба да му помогне на целиот процес. Можеби треба да се размислува во таа насока за секој обвинител и јавно да се каже работи на тие, тие предмети, има толку многу обработени предмети, колку работел, за да избегнете ризик од влијание, за оние предмети што се во тек. Едноставно, јавноста беше затекната со тој избор бидејќи не беа земени предвид квалитативните критериуми“, изјави Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциска комисија.
Таа додаде дека токму од овие причини била очекувана реакцијата на амбасадорката и дека таа очекувала морална одговорност од обвинителот, но ништо не се случи./Алсат.мк