ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Лекарите од струшкото детско одделение на крај со силите

Лекарите од струшкото детско одделение алармираат дека се на крајот со силите и дека институциите треба сериозно да го сфатат проблемот. Дневно имаат и по повеќе од 100 прегледи, откако од ноември лани, детското одделение во Охрид поради недостаток на педијатри работи само како обична амбуланта.

Advertisements

„Имаме зголемен обем на работа, нон стоп сме на работа. Пет души сме на детско, држиме цело детско одделение и неонатолошкиот оддел“, вели Влатко Мицкоски, лекар.

Овде доаѓаат и пациенти од Дебар и Ресен.

„Господ да ни е на помош со детското одделение, Струга. Секој ден се повеќе пациенти,а се помалку лекари.Ова веќе не се издржува.Во име на детско одделение, Струга го молиме господинот Премиер, министерот за здравство, директорите на општите болници Струга и Охрид, да се најде решение, а се ова за здравјето на најмалите и најмилите“, наведува во својот фејсбук статус докторот Вулнет Бектеши.

Уште пред четири месеци министерот за здравство,Беким Сали, вети дека ќе го реши проблемот со детското одделение во Охрид, со стручен кадар од други градови. Ова беше трето негово ветување, но решение и натаму не е најдено.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button