ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Арсовски: Македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори

Владиниот портпарол, Душко Арсовски на денешната прес конференција рече дека Владата има јасна определба по бугарското вето што вклучува усогласување на ставовите според утврдени македонски национални позиции и стратешките евроинтеграциски цели.
„Се работи заедно со нашите меѓународни сојузници. Посебно сме благодарни како влада на зајакнатиот ангажман на германското претседателство со ЕУ. Во вакви моменти на предизвик треба да се покажат европски вредности – смиреност наместо конфликт, смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации. Македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори“, рече Арсовски.