ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

МЖ Транспорт времено остана без струја поради долг

Поради долг за струја од 6,5 милиони евра Македонски железници транспорт неколку часа утрово беше исклучен од страна на ЕВН Македонија. Неколку часа подоцна повторно добија струја, а ЕВН доби ветување од властите дека со прераспределба на пари од буџетот, долгот ќе им биде вратен. Од ЕВН за Алсат велат дека ако добијат вакви гаранции дека долгот ќе биде платен и за останатите државни институции кои имаат милионски долгови, нема да ги исклучат.

Advertisements

„МЖ Транспорт во моментов нема снабдувач за електрична енергија и директно повлекува електрична енергија од енергетскиот систем, а со тоа предизвикува дизбаланс во системот на МЕПСО“, велат од ЕВН.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи подналутен дека приватната компанија ја исклучила од струја Железница вели дека нема поголема гаранција од зборот на Владата. Веднаш штом ќе има пренамена на средства од буџетот долгот ќе биде исплатен, вети Битиќи.

„Кога премиерот, вицепремиерот или министерот за финансии ќе кажат дека ќе платат долгови кон ЕВН, тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и дека не треба никаква друга гаранција“, рече Битиќи.

Освен Железници и Клиничкиот центар од Скопје е на листата државни должници на кои им се заканува исклучување од мрежата на ЕВН. Тука се и затворот Идризово, неколку факултети, студентски домови, судови, зоолошката градина и добар дел од општините. Претходно ЕВН на овие државни институции им даде 45 дена рок да си го подмират долгот, кој вкупно изнесува 40 милиони евра. Тој се трупал во последниве неколку години.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button