ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Буџетот на МВР догодина поголем

Зголемувањето на буџетот за полицијата ќе се фокусира и на подобрување на правичната и соодветна застапеност во МВР. Министерот Оливер Спасовски вели дека со новиот буџет се обезбедени средства за специјална обука на која минуваат кандидатите за елитните единици.

Advertisements

Спасовски ги повика заинтересираните од сите етнички групи да се пријават на внатрешните конкурси во МВР и да бидат дел од елитните единици за да се разбие митот дека во полицијатата има единици кои се недостижни, особено за Албанците.

Специјалната единица за антитероризам „Тигри“ повеќе од 40 години од своето постоење нема припадници Албанци. Досега за време на интерните конкурси на БЈБ имало неколку кандидати за оваа единица, но според Спасовски, тие не успеале да ги поминат сите потребни филтри. Застапеноста е никаква и во Единицата за брза интервенција (ЕБР), мобилната полиција за интервенции и во хеликоптерската единица. Буџетот на МВР за 2023 година е за 6 отсто поголем од годинешниот и ќе изнесува над 182 милиони евра.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button