ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мрачна атмосфера во Скопје на неколку дена пред Нова Година

На 15 дена пред Нова Година, главниот плоштад во главниот град изгледа вака…
Додека главните градови на другите земји се веќе украсени за празниците, во Скопје не е поставена ниту сијаличка.

Advertisements

Само на некои излози може да се види по некој симболичен украс, но тоа го прават сопствениците.
Граѓаните свесни за економската и енергетската криза велат дека, сепак, неопходно е да има по некој украс за да има празнична атмосфера барем во декември. Велат дека не само децата, туку и возрасните треба да се релаксираат од секојдневието во овој период од годината.

„Мислам дека треба да има украси, без разлика што сме во енергетска криза, сепак е крај на годината и секоја година има украси во центарот. Други години сè беше средено во првите недели од декември и градот свети, но не оваа година“, вели една граѓанка.

Некои сметаат дека во овие кризни времиња украсувањето не е потребно.

Од Град Скопје велат дека украсувањето почнува, исто како и поставувањето на елката на плоштадот.

„Скопје традиционално се украсува околу 15 декември секоја година. Украсувањето на главниот град и поставувањето на новогодишната елка започнува вечерва“, наведуваат од Град Скопје.

Алсат уште на почетокот на декември праша колку пари се одвоени за украсување на Скопје за празниците и какви активности се планираат за новогодишната ноќ, но од Град Скопје ни рекоа дека за овие прашања ќе имало посебна прес-конференција. Но, таа сè уште не е ни најавена.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button