ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кулминираше судирот меѓу градоначалничката на Скопје, Арсовска и ВМРО ДПМНЕ

Нови тензии на релација Данела Арсовска – Христијан Мицкоски, откако градоначалничката кажа дека лидерот на опозицијата ѝ се заканувал. Во телевизиско гостување Арсовска одговори дека заканата ја примила „лично и директно“ од страна на Мицкоски.

Advertisements

„Доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа… Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“, вели Арсовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Арсовска лаже и закани немало. Од партијата побараа градоначалничката да покрене постапка или да пријави во полиција. Од Град Скопје досега нема одговор дали Арсовска случајот ќе го пријави.

„Данела Арсовска треба да биде менаџерка како што тоа го ветуваше на граѓаните, а не да ја манипулира јавноста. Истата ценам дека во овој момент треба да си ја провери деловната способности дури да побара и стручна помош доколку цени“, рече Драган Ковачки – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Ковачевски пак оценува дека ваквото ниво на политичка култура се одвивало единаесет години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се отсликува и во функционирањето на Град Скопје.

„Истото тоа со истите луѓе се потврди во Градот Скопје за само една година, дека на ист начин функционираат… со претења, со уцени, со најпогрдни зборови помеѓу себе, како што тоа го видовме вчера помеѓу градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сите што управуваат со Градот Скопје“, Димитар Ковачевски – премиер.

Арсовска ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, но во септември годинава обвини дека партијата и тогашниот директор на Водовод, Златко Перински се обиделе да прават злоупотреби со тендерот за пречистителната станица. Оттогаш таа ги разреши сите директори кои се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски рече дека со Данела тргнале по различни патишта.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button