Новиот директор на АНБ се потпишал за државјанство на Онишченко
Новиот директор на АНБ се потпишал за државјанство на Онишченко

Обајвен е документ на кој се гледа дека новоизбраниот директор на АНБ, Заре Милошевски, ставил потпис на оценката од Агенцијата за национална безбедност до МВР, за државјанството на Александар Онишченко. Во документот потписот на Милошевски стои под називот „одобрил“ . Тој беше помошник директор на Секторот за безбедносна верификација и НАТО-регистар. (фото)
Агенцијата за национална безбедност се уште не излезе со став да ја коментира автентичноста на документот. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена изјави дека не е пречка тоа што за директор на АНБ бил избрано лице кое доаѓа од секторот на АНБ од каде било дадедно одобрение за државјанство, иако се работеше за контроверзен лик. И поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски на 21 ноември потврди дека пропустот бил направен во тој сектор.
Бидејќи извештајот на АНБ кој поранешниот директор Димовски го упати до Собранието и до Владата е од класифициран карактер, не се знае дали во него стоело и името на Милошевски, но неофицијално се дознава тој не бил пределожен за суспендирање.
Во меѓувреме, за судбината на Димовски како амбасадор во Париз се очекува да одлучува Комисијата за надворешна политика во Собранието и конечно претседателот Стево Пендаровски. Пендаровски, одлуката ја носи во зависност од конечната оценка на Владата, која преку Министерството за надворешни работи му ја делегира на претседателот. Димовски го напушти АНБ – не одобрувајќи многу барања за државјанство, дел од вранотените и натаму се без безбедносни сертификати а во наследство го остави и проблмеот со преселбата на АНБ во нова зграда./Alsat.mk
Адријан Керими