ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рекордна заплена на царината на девизи и злато во вредност од еден милион евра

Рекордна заплена на царината на девизи и злато во вредност од еден милион евра

Запленета рекордна сума на злато и пари

Advertisements

Царината направи рекордна заплена на девизи и злато во вредност од еден милион евра. Заплената се случила на граничниот премин Богородица кога при контрола на автобус се  откриени  и запленети 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра. Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи. Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button