
Довербата на граѓаните во судството секој ден е се помала. Велат дека судството во земјава е зафатено со корупција и работи со двојни стандарди. Граѓаните стравуваат дека корупцијата е толку длабоко вкоренета во секоја институција што се сомневаат дека таа некогаш ќе биде искоренета.
“Немаме доверба, каква доверба. Има многу случаи, колку сакаш. Последниот случај со Мијалков“, рече еден граѓанин.
Последните анкети во март годинава покажаа дека довербата на граѓаните во судството е само 8%./Alsat.mk
Еви Шкопи