ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Полни автобуси заминаа за Италија – иселувањето продолжува

Полни автобуси заминаа за Италија – иселувањето продолжува

Училишната чанта на 8-годишната Сара беше дел од багажот кој таа го понесе со себе во автобусот кој од Скопје замина за Италија. Заедно со нејзината мајка и брат, таа се прости од родното место за да започне нов живот во туѓа земја, кај нејзиниот татко кој веќе се здобил со правото за семејно обединување.

Advertisements

“Од каде си?

“Од Батинци”, рече едно дете.

А каде одиш?

Во Италија.

Кај кого?

Кај татко ми.

Го оставаш училиштето за да одиш кај тато?

Многу сум тажна што одам во Италија, се простив од моите другари и наставниците. Што ти рече наставничката кога си замина?

Ми рече да стигнам таму добро. Сакам да живеам овде, но татко ми е таму и одвоено не се живее“.

На автобуската станица во Скопје имаше многу патници кои чекаа да заминат за Германија, Италија, Австрија, Словенија и Хрватска каде претходно добиле работни визи. Роднинте тешко ја доживуваа разделбата.

„Државата не чини, албанските партии толку мислат за Албанците. Тие мислат само за себе, исти се и тие и македонските партии. Младите си заминуваат. Ќе си одат, што ќе прават, 200 евра плата овде ни за цигари не стигаат“, рече еден граѓанин.

„Го праќам синот за Германија.

Дали го поддржувате во неговата одлука да оди во странство?

Не, ама нема друг излез, мора да оди, знаете условите како се овде, беше принуден да оди“, рече еден граѓанин.

Освен тие кои се иселуваа, имаше и такви кои одеа на гости кај своите деца.

„Платата тука и таму има голема разлика. Стандардот во Македонија..три недели сум тука, има многу разлика, има поскапување на се, храна, гориво, се што постои, има многу разлика. Дали започна процедура за документи? Да, ја почнав процедурата за документи, имам едногодишна работна виза, затоа одам таму, почнувам со работа“, додаде друг граѓанин.

Ислам Дехари веќе 22 години работи како возач на автобус. Три или четири пати месечно патува во западните држави со автобус полн со патници.

„Има емоции, особено кога ги испраќаат членовите на семејството, тоа е многу емотивно и тажно. Но навикнати сме секојдневно да гледаме солзи, има и радости, има и солзи, копнеж, се. Автобусите се секогаш полни. Мислам дека во повеќето случаи се полни“, рече Ислам Дехари, возач на автобус./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button