ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди

Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди

“На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави”, велат од МВР.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button