ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во Собранието финална расправа за Буџетот 2023

Расправата за предлог буџетот на Македонија се врати на пленарна седница во Собранието. Од комисиската расправата пратениците на власта и опозицијата се договорија за десетина амандмани од поднесени над 300. Министерот за финансии Фатмир Бесими од собраниската говорница денеска повторно уверуваше дека парите од државната каса догодина ќе се трошат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Бесими ветува дека догодина ќе се зголемат инвестициите, ќе се намали инфлацијата, а земјава на крајот од следната година ќе испорача подобар раст на економијата.

Advertisements

„Се гледа како во тековните расходи се намалуваат непродуктивните и несуштински трошоци, како што се во делот на патните трошоци, дневници, во делот на договорни услуги, како и во делот на мебел и возила“, рече Бесими.

Опозицијата не се согласи со ниту еден збор на ресорниот министер. ВМРО-ДПМНЕ алармира дека догодина ќе има повеќе и повисоки даноци, граѓаните со своите плати ќе може да купат сè помалку производи, а ќе плаќаат поскапо.

„Кога станува збор за тоа како ќе се трошат парите, Владата за себе одобрила расходи од 5,3 милијарди евра што е за 590 милиони евра повеќе од предвидениот буџет за 2022 година и го прави буџетот за 2023 година убедливо најрепресивен, најгломазен и најрасипнички во историјата на Македонија“, рече Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ.

Според Деловникот, предвидени се пет дена расправа за буџетот, што значи дека ако секој ден неделава пратениците дебатираат по оваа точка тогаш гласањето ќе се случи во петок.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button