ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реорганизацијата на државните институции ќе зависи и од политичката волја

Реорганизацијата на државните институции ќе зависи и од политичката волја

Како ќе се врши реорганизација на администрацијата и оптимизација на институциите, државата сè уште не знае. Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вели дека проектот е поддржан од ЕУ и нема финансиски импликации врз државниот буџет, а начинот на реализација ќе зависи од стручните проценки, но и од политичката волја.

Advertisements

„Меѓутоа, мора да признаам дека има различни мислења дури и од колегите во Владата за тоа како треба да се направи реорганизацијата. Ние како министерство не велиме дека ги имаме сите магични одговори, но во принцип во сите одговори се базираме на она што го кажаа експертите. Важно е процесот да се движи и да не застане, за да можеме да ги оптимизираме институциите, полесно да се менаџираат, комуникацијата да биде подобра, а другите детали за тоа кој ќе биде Агенција или која институција под друга, се со споредна важност“,  рече Адмирим Алити- министер за информатичко општество и администрација.

При претставувањето на буџетот за следната година во неговиот ресор, Алити рече дека при вработување во јавната администрација како основа се земаат податоците од вкупниот број и на резидентно и на нерезидентно население од последниот попис.

„Согласно сегашната рамка што ја имаме со законот за правична етничка застапеност и законот за попис на населението, сите граѓани на Република Северна Македонија треба да бидат во дата-база, односно и резидентните и нерезидентните. Така беше во минатото, така оставивме и сега и така треба да продолжи“, додаде тој.

Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за следната година е над една милијарда 500 милиони денари. Ќе се дистрибуира во три главни насоки: дигитализација, администрација и медиуми./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button