Зошто граѓаните му даваат најголема доверба на Груевски

Од премиер со најголем рејтинг до бегалец кој бараше азил во Унгарија, за да ја избегне правдата во земјава. Во најновото американско истражување на ИРИ, Никола Груевски повторно го зазема тронот како најпопуларен лидер во земјава. Зошто граѓаните одлучија по долги години да му ја вратат довербата на истиот човек кој години наназад со своите постапки и одлуки ги закопа надежите на граѓаните за европска иднина на државата.
„Зошто да го враќаат? Тој не беше добар. Народот мора да бара да излезе некој добар, лоповите можат да го бараат него, но луѓето што се како што треба бегаат од овде, не ги сакаат лоповите“, вели еден од анкетираните граѓани.
Според истражувањето на американската ИРИ, по Никола Груевски, на листата следат Христијан Мицкоски и Али Ахмети со по 6 отсто и Димитар Ковачевски со 5 отсто.
Ардит Рамадани