
Земјата има некои патишта кои се целосно дотраени, дури и автопати кои итно треба да се санираат. Додека голем дел од нив се уште остануваат проекти на хартија, од Министерството за транспорт и врски велат дека 95 отсто од нивниот буџет за новата година е наменет за инфраструктурни инвестиции.
Министерот Благој Бочварски, ги наброја идните инвестиции, нагласувајќи дека најголем дел од нив се реализираат со финансиите од „наплатата“ на патарините, кои засега ќе останат исти.
Тој ја потенцираше и инвестицијата на автопатот Штип-Кочани, кој треба да биде пуштен во употреба до крајот на годинава. Во меѓувреме, за автопатот Скопје-Куманово се разгледува можноста за негова целосна санација.
Годинава до средината на декември е остварена рекордна наплата од 50 милиони евра.
Планот за следната година е изградба на над 120 километри нови автопатишта, доколку се постигне договор со компанијата Бехтел. Тоа значи дека земјата мора да ја следи динамиката на изградбата на патната инфраструктура, бидејќи се вкрстуваат два важни патни правци, Коридорот 10 и Коридорот 8. Земјата веќ доби поддршка од ЕУ за Коридорот 8, кој беше вклучен пред само неколку недели на картата на главните коридори, додека дотогаш беше оставен во заборав.
Аднан Ќаили