ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата за ветото од Бугарија: Оставки од Заев, Османи и Димитров и широка влада!

Опозицијата бара оставки од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров. Според нив, ветото од Бугарија ги докажува лагите на Владата кои траат веќе неколку години. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, вели дека Владата на СДСМ и ДУИ не успеала шест пати по ред да добие датум за почеток на преговорите. Села бара широка Влада.

Advertisements

„Земјата мора да направи широка влада и до локалните избори да се постигне заеднички јазик со Бугарија, така што дотогаш оваа широка влада ќе го преземе врз себе деблокирањето на актуелниот грч.“

Македонската опозиција бара Заев да се повлече од премиерската функција обвинувајќи го за лажење на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев треба да одговара за неговите лаги кои почнале од јули 2018 година.

Но, од владата одговорија дека оставка не би бил одговорен чин и оти земјата не треба да отстапува од патот кон ЕУ.

Владата ги отфрли барањата на опозицијата за лидерска средба и покрај најавите на Христијан Мицкоски дека во случај на игнорантски однос од Владата, опозициските партии ќе се соберат сами за да изградат заеднички став за спорот со Бугарија. Во 2019 година Заев најави дека во случај земјава да не добие датум за преговори, ќе се оди на предвремени избори. По ветото од Франција, Заев побара избори кои беа закажани за април, но поради пандемијата беа одложени за јули. Потоа Заев за време на изборната кампања ветуваше датум за преговори за ноември годинава. Пред неколку дена Заев изјави дека бугарското вето не го мотивира да се повлече од функцијата.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button