
Додека термометарот покажува температури под нулата, во поликлиниката „Бит Пазар“ нема греење…
Пациентите и вработените во овој здравствен дом веќе со денови се соочуваат со овој проблем. Некои од анкетираните пациенти не ги добија услугите, бидејќи нивните лекари не беа присутни, но не знаеја дали причината за тоа е немањето греење или не.
„Се вратив….Не, не е во ред, вчера беше минус четири, беше многу ладно, не се виновни ни работниците, ладно е не се работи“, вели еден граѓанин.
Но немањето парно не е единствениот проблем на оваа поликлиника. Поликлинката се соочува со недостиг на струја, а вработените во одредени сектори се снабдуваат со струја преку продолжни кабли од други сектори. Ова го потврдува и директорот Бесим Кока, кој во однос на прашањето за парното, објаснува дека овој проблем настанал како резултат на доцнењето на снабдувањето со нафта и дека ќе се реши во попладневните часови. Тој рече дека немањето греење воопшто не влијаело на прекинот на работата на лекарите.
„Точно е дека имаме проблем со греењето поради доцнењето на снабдувањето со нафта за парно. Нарачката е направена навреме. Добавувачот ни даде објаснување дека причина за доцнењето е техничкиот проблем. Денеска во 14:00 часот испорачавме 13 тони дизел на сите клиники каде што имаме недостиг и греењето ќе работи нормално. Инаку, во овој период го прилагодивме греењето со клима и немаше проблем, освен во гинекологија каде имаше посериозен прекин на струјата и таму ја носевме струјата од другото крило на поликлиниката и работеше нормално. Поправката на електричната мрежа ќе се врши во сабота, а не во работен ден, бидејќи струјата мора да биде исклучена во целата поликлиника“, вели Бесим Кока, директор на поликлиника „Бит Пазар“.
Од Министерството за здравство рекоа дека недостигот на греење настанал поради технички проблеми и дека многу брзо ќе се реши.
Ајнур Бафќари