Сали: Не очекуваме промени во владиниот состав

Беким Сали не се чувствува загрозен на функцијата министер за здравство, за која неодамна се шпекулираше дека ќе помине кај Алијансата за Албанците, ако евентуално оваа партија влезе во парламентарното мнозинство. Сали, кој вечерва е поканет во емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека во моментов нема знаци на приближување на позициите на Алијансата за Албанците (АА) да стане дел од парламентарното мнозинство.
„Во политиката секогаш има можности, но според динамиката на случувањата што се случуваат на политичката сцена и сето она што го гледаме како дел од власта, не очекуваме некаква промена во владиниот состав. Во однос на здравството, зборувавте од почетокот на мојот мандат, дека ќе има реконструкција, ќе има промени и слично, ние постојано работиме и развиваме здравствени политики, некои од нив се јавни, некои не се јавни, но ние работа на системски промени во здравствените политики. Истовремено се развиваат политичките агенди на составот на владата, но засега функционираме на овој начин“, изјави Сали.