Нов Клинички центар, Сали: Најпогодна локација останува Вели Поле

Министерот за здравство Беким Сали во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека на последната тематска средба на Владата информирал за опциите за изградба на новиот Клинички центар. Според него, по многу анализи е утврдено дека „Вели Поле“ останува најдобар и најсоодветен простор за новиот Клинички центар.
„Имавме тематска средба поврзана со здравството и таму се разговараше за имплементација на концептот за реорганизација и консолидација на јавните здравствени установи, таму го презентиравме нашиот концепт за Клинички центар и исто така реорганизација во однос на секундарно и терцијарно ниво. Според анализата што ја направивме во проектантската единица, имајќи предвид дека во истражувањето беа третирани 6 локации во градот Скопје и неговата околина, повторно паѓа одлука дека тоа е најсоодветен и најдобар простор за терцијарно, универзитетско ниво, бидејќи има простор за сите образовни институции и здравствени установи. Ја информиравме владата со целата реорганизација што ја планираме и можниот начин да го финансираме овој проект, не се работи само за Универзитетскиот клинички центар туку и за решението за создавање кадри во иднина“, рече Сали.