Убиството во Тетово ја шокираше јавноста, но и алармираше за опасностите што му се закануваат на општеството од социјалните мрежи
Убиството во Тетово ја шокираше јавноста, но и алармираше за опасностите што му се закануваат на општеството од социјалните мрежи

Убиството во Тетово, шокантен настан во кој се вмешани тинејџери, алармира на опасноста што се заканува на општеството од зачестеното насилство меѓу младите. Прашањето што сите го поставуваат е зошто толкава агресија кај младите? Социолозите сметаат дека убиството во Тетово е резултат на социјалната криза на модерното време, и ги предупредуваат родителите да ги следат своите деца како го поминуваат своето време на социјалните мрежи. Децата растат гледајќи видеа кои промовираат необразовни содржини.
„Насилството кај младите е резултат на социјалната криза на модерното време воопшто, и на вистинските вредности особено. Денес, социјалните отстапувања повеќе не се теорија што се учи во социологијата, туку секојдневна реалност. Слабеењето на семејното гнездо и училиштето, културата на негативна еманципација, етичката деградација и слабеењето на воспитните инстанци и механизми нè доведуваат до тажна состојба, до застрашувачки сцени кои не засегаат сите. Време е за индивидуална мобилизација, секој да го чува своето дете, да работи напорно за да го заштити од црнините и ужасите на времето. Зборови, совети, љубов, повторно зборови, разговори, лични примери – ова е еден од рецептите“, рече Али Пајазити – социолог.
Комуникологот Бојан Кордалов, вели дека не можеме да го избегнеме фактот дека живееме во време на дигитализација, но според него институциите дефинитивно мора да ги преземат неопходните и конкретни чекори за едукација на наставниците, родителите и сите структури кои се занимаваат со образованието на младите генерации.
Една од апликациите каде младите, но и возрасните го поминуваат времето е Тик-Ток. Многу земји оценија дека оваа апликација има негативно влијание особено врз младите луѓе, па затоа целосно ја забранија./Alsat.mk
Еви Шкопи