ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слаб интерес за новогодишен дочек, нема расположение кај граѓаните

Слаб интерес за новогодишен дочек, нема расположение кај граѓаните

На една недела до дочекот на Новата Година хотелските капацитети во Охрид и Струга се половично исполнети. Оние коишто сè уште не затвориле поради економската и енергетска криза, информираат дека вака слаб интерес за дочек не паметат досега. Дополнителен проблем сега се повисоките цени на новогодишните аранжмани и за дури 40%. Тие се движат меѓу 250 и 300 евра по човек. Од хотелската асоцијација се надеваат дека исполнетоста до последен момент ќе достигне и до 70%.

Advertisements

„…Да, имаме поскапување, но поскапувањето е поради поскапување на енергијата, храната, платата и другите производи. Но, уште сме најевтината понуда и на Балканот и насекаде бидејќи гледаме дека на скијачките центри за неколку дена, цената за дочек е и до 1.000 евра по човек“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Во некои од хотелите воопшто нема да има дочек. Ќе работат само со гости кои би сакале да престојуваат кај нив.

„За дочек на Нова Година знаеме дека расположението кај народот не е 100%. Знаеме дека после долга криза, имаме и енергетска криза. Очекуваме да имаме пансиони од 2-3 дена кои повеќе се луѓе од регионот и од Балканот, но нема голем интерес“, изјави Ерхан Папранику-сопственик на хотел.

Најголем дел од резервациите покрај Охридското езеро се со домашни гости, но и гости од Бугарија, Србија, Црна Гора и Албанија. За разлика од Струга каде нема да има организиран дочек за Нова Година на отворено, во Охрид ќе има забава на отворено. Во меѓувреме 30% од хотелите се веќе затворени, а има најава за уште толку веднаш после Нова Година./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button