Скопје, Кичево и Кавадарци се гушат во отровен воздух
Скопје, Кичево и Кавадарци се гушат во отровен воздух

Скопје на второто место на листата на градови со најзагаден воздух во светот. Ова ги загрижи граѓаните за своето здравје и за да не бидат директно изложени на опасноста сè повеќе лица носат маски.
Од Министерството за екологија велат дека поради надминувањето на вредноста на загадувачки материи од 150 микрограми на метар кубен во два последователни дена, во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, стапуваат во сила препораките и мерките за заштита. Станува збор за ослободување од работа на трудниците, на вработените постари од 60 години и на оние со хронични заболувања.
„Информациите за надминување на прагот на дозволеното се доставени до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Дирекцијата за животна средина, канцеларијата за комуникација со јавноста во Министерството за екологија, Институтот за јавно здравје и соодветните општини за алармантното загадување на воздухот“, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Инспектори за животна средина извршиле проверки на повеќе локации низ Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица. Но, кај ниту еден од субјектите каде што извршиле инспекциски надзор не било констатирано надминување на границата на загадување. Што се однесува до субјектите од другите градови, од Инспекторатот очекуваат извештаи идна недела./Alsat.mk
Ајнур Бафќари