ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема епилог за можните финансиски злоупотреби на Онкологија

Нема епилог за можните финансиски злоупотреби на Онкологија

Додека Клиниката за онкологија, според пријавите на една од вработените е до гуша во скандали, надлежните велат дека немаат доволно докази. За да помогне во овој процес, медицинскиот персонал е должен да собира информации за потоа да ги достави до Министерството за здравство. Медицинската сестра Маја Јакимова, која достави досие, нешто што би требало всушност да го сторат други надлежни институции.

Advertisements

Според Јакимова, 17 од 22-ца вработени на Онкологија кои неколку месеци работеле за време на пандемијата во ковид-центарот, не добиле ниту денар за дежурства. Овие медицински сестри биле ангажирани на Инфективната клиника од 7 до 12 месеци. Секој месец имале 15 дежурства од по 12 часа.

Нивните сомнежи се дека некој проневерил илјадници евра кои требало да завршат на сметките на медицинските лица кои биле дежурни. Од Фондот за здравство велат дека ги извршиле сите исплати кон соодветните клиники и за сите кои биле ангажирани во центрите за ковид.

„Во периодот на пандемијата, Фондот ги изврши сите исплати за ангажманите во центрите за медицински персонал за ковид кон јавните здравствени установи. Доколку некој не ги добил тие додатоци, нека ги побара од нивните клиники. Постои можност да се направени грешки од нивна страна со тоа што не бил вклучен целиот персонал ангажиран на списоците и бидејќи роковите поминаа, Министерството за здравство треба да интервенира со проверка на новите списоци што ги поднеле оштетените доктори“, велат од Фонд за здравствено осигурување.

Од Министерството за здравство велат дека ги разгледале овие документи и побарале писмено појаснување од соодветната клиника каде биле направени пропустите. Во меѓувреме, следниот скандал е уште една фигура во големиот мозаик на менаџментот на Онкологија, за кој, според сведочењето на вработените, имало организирана корупција и финансиски криминал. Наводно биле злоупотребувани скапите терапии за болните од рак, се манипулирало со системот на клиниката за прегледи во име на починати пациенти./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button