За празниците некој дома, друг во Милано
За празниците некој дома, друг во Милано

Граѓаните во земјава претпочитаат новогодишните празници да ги поминат во своите домови, но некој во странство. Интересот за резервации во домашните угостителски објекти е мал.
“Веројатно дома. Го чувствувам овој период, па празниците ќе ги прославам со семејството“, рече еден граѓанин.
“Веројатно во Скопје овде со друштво. Со друштво, дома кај некој“, изјави една граѓанка.
“Дома со моето семејство, со мојот сопруг“, додаде друга граѓанка.
Угостителите се задоволни од бројот на резервации, но велат дека гостите главно им се главно од странство.
„Можеме да кажеме дека оваа година имаме повеќе резервации во однос на лани. Обично повеќето од гостите не се наши државјани, имаме гости од Албанија, Косово, Романија, Бугарија, тие се гости во хотелите кои исто така ќе останат за новогодишната ноќ, значи ќе слават овде“, изјави Фирдесе Имери, претставничка на хотелски објект.
Од друга страна, од туристичките агенции велат дека за разлика од минатите години кога имаше ограничувања поради пандемијата, сега е зголемен бројот на резервации за патувања во странство.
Најпопуларните дестинации за граѓаните кои веќе резервирале за дочек на Новата година се Белград, Будва, Загреб, Атина, Будимпешта, Виена и Милано./Алсат.мк
Ајнур Бафќари